×
ЗА НАС ИНФОРМАЦИИ ФИЛИЈАЛИ ШТЕТИ Е-ПОЛИСА КОНТАКТ
ДОБРОВОЛНО ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

ДОБРОВОЛНО ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ


Доброволното приватно здравствено осигурување на Халк Осигурување АД Скопје обезбедува покритие со врвна здравствена заштита на своите клиенти преку покривање на трошоците за здравствени услуги кои не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување, обезбедува повисок стандард на здравствените услуги кои произлегуваат од задолжителното здравствено осигурување, ги покрива трошоците за здравствените услуги користени во дополнителната дејност, како и за користење на здравствените услуги во здравствени установи надвор од мрежата на здравствени установи во кои се врши здравствена дејност и кај правни лица кои вршат изработка, издавање и сервисирање на ортопедски помагала.а



Кој може да биде осигуреник?

Со ова осигурување може да се осигура лице од 0 до 70 години кое има регулиран престој во Република Северна Македонија и кое врз основа на Закон за задолжително осигурување има статус на осигурено лице со задолжително здравствено осигурување. Осигуреници може да бидат и лица странски државјани кои не се опфатени со системот на задолжително здравствено осигурување со регулиран престој.



Осигурителни покритија:

А - СПЕЦИЈАЛИСТИЧКО ВОНБОЛНИЧКО И БОЛНИЧКО ЛЕКУВАЊЕ

Б - ОПЕРАЦИИ

Ц - ТЕШКИ БОЛЕСТИ

Д - СТОМАТОЛОШКИ УСЛУГИ

Е - ОФТАЛМОЛОГИЈА

Ф - ДИЈАГНОСТИКА НА СЕЗОНСКИ ГРИП



Територијално покритие:

Македонија (А, Б, Ц, Д, Е, Ф и Д)

Турција (само осигурително покритие Б)



Осигурително покритие и пакети на осигурување:

  • HALK CARE (А, Б, и Ц) Вкупно покритие: 20.000 Евра
  • HALK PROTECT (А, Б, Ц, Д, Е, Ф и Д) Вкупно покритие: 35.000 Евра
  • HALK VIP MEDICAL (А, Б, Ц, Д, Е, Ф и Д) Вкупно покритие: 50.000 Евра


Зошто да го изберете доброволно приватно здравствено осигурување на Халк Осигурување?

Полисата за Доброволно приватно здравствено осигурување ги покрива трошоците направени за специјалистички прегледи, дијагностички анализи, хируршки зафати, операции, лекувања, рехабилитација и лекови во приватните здравствени установи преку директна исплата.

Во самото покритие се на Доброволното приватно здравствено осигурување се вклучени и покритија за хронични болести и состојби како и покритие за пакет породување и трошоци за здравствена заштита на трудница. Осигурувањето може да се склучи како индивидуално, семејно и колективно. Оваа полиса обезбедува најконкурентни покритија по најповолни цени на пазарот за осигурување, кои се креирани согласно потребите и барањата на клиентите.



ПЗУ Партнери