×
ЗА НАС ИНФОРМАЦИИ ФИЛИЈАЛИ ШТЕТИ Е-ПОЛИСА КОНТАКТ
ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

ОСНОВНИ ПРАВИЛА И ПРИНЦИПИ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ВО ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД СКОПЈЕ


Лични податоци

Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во своето работење имплементира највисоки стандарди за заштита на личните податоци за своите вработени, клиенти и сите други субјекти на личните податоци (физички лица на кои се однесуваат обработените податоци), чии лични податоци по било кој основ (согласност, Договор и др.) и на било кој начин (автоматизирано или рачно) се обработуваат.



Цел на прибирање

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува личните податоци во согласност со важечката законска регулатива, подзаконските акти кои ја регулираат заштитата на личните податоци и Правилникот за технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци на ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје. Личните податоци во ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје се собираат за конкретни, јасни и со закон утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели. Обработката на личните податоци е врз основа на закон или дадена согласност на субјектот на личните податоци. ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги чува и обработува личните податоци на субјектите, онолку колку што е потребно за исполнување на договорните и законски обврски. По истекот на рокот за чување истите трајно се бришат. Доколку ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје Скопје не ги добие сите потребни податоци за спроведување на услугата кон клиентот, можните негативни последици паѓаат на товар на клиентот на услугите.



Тајност и заштита

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје Скопје превзема мерки за тајност и заштита на обработката на личните податоци со примена на соодветни технички и организациски мерки за заштита од случајно или незаконско уништување на личните податоци, или нивно случајно губење, преправање, неовластено откривање или пристап, особено кога обработката вклучува пренос на податоци преку мрежа и заштита од какви било незаконски облици на обработка. Посебните категории на лични податоци и единствениот матичен број на физичките лица, можат да се пренесуваат преку електронско комуникациска мрежа, само ако посебно се заштитени со соодветни методи, така што нема да бидат читливи при преносот. Мерките за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци обезбедуваат степен на заштита на личните податоци соодветно на ризикот при обработката и природата на податоците кои се обработуваат ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје обезбедува точност, целосност и ажурност на личните податоци кои се обработуваат и ќе ги избрише, односно корегира неточните и неажурни податоци во согласност со целите за кои се обработуваат.



Пристап до лични податоци

Субјектот на личните податоци, согласно законските прописи, има право на увид и исправка на личните податоци кои ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје Скопје ги обработува. ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ќе ги даде личните податоци на користење на корисник, врз основа на писмено барање од корисникот, доколку тие се потребни за извршување на работи во рамките на со закон утврдени надлежности на корисникот. ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје води евиденција за личните податоци кои се дадени на корисникот



Офицер за заштита на личните податоци

Вработените, односно ангажираните лица од страна на друштвото, при отпочнувањето со работа, задолжително:

• Се запознаваат со прописите за заштита на лични податоци, како и со документацијата на друштвото за технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци;

• Своерачно потпишуваат изјава за тајност и заштита при обработката на личните податоци.

Со изјавата лицата се обврзуваат дека ќе ги почитуваат начелата за заштита на лични податоци и ќе вршат обработка само врз основа на добиените упатства и документацијата за технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци;

• Континуирано посетуваат обука за заштита на лични податоци, организирана од страна на друштвото.



Контакт

Доколку имате прашања или предлози од областа на заштитата на личните подаотци, можете да не контактирате на следната електронска адреса: privacy@halkinsurance.com.mk или да контактитрате со Офицерот за заштита на личните податоци на Друштвото на: + 389 (0)2 31 22 385 лок.144.